20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Без струја делови на Карпош и Горно Соње

„ЕВН Македонија“ информира дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од Карпош и Горно Соње.

Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата Ѕоле Стојчев – згради бр. 3 и 12 во општина Карпош. Од 9 до 15 часот струја ќе немаат и корисниците во село Горно Соње (општина Сопиште), а од 8.30 до 11.30 часот струја ќе нема на дел од улицата Скупи – подулици 12, 14, 16, 20 и 22 во општина Карпош.