Centar.mk
вестСПОРТ

Нов “дијамант” на македонската кошарка

На 11 и 12 Мај во Велес се одржа завршниот турнир во кошаркарската М12 лига во машка конкуренција. Во државното финале се сретнаа екипите на Водно Санс и на Феникс 2010, а натпреварот донесе големи возбудувања и заврши со победа на Феникс 2010.

Тоа што го одбележа натпреварот беше неверојатното издание на капитенот на противничката екипа Водно Санс – Давор Мојсовски кој беше најзабележителен играч на паркетот постигнувајќи феноменални 52 поени, 15 скокови, 4 асистенции и 3 украдени топки.
Во “дабл-даблот” учинокот на Мојсовски се вброија и 5 реализирани шутеви за 3 поени, што е своевиден раритет на натпреварите за деца до 12 години.

Изданието на Давор Мојсовски во текот целата оваа сезона, вклучително и на завршниот турнир, дава за право да кажеме дека се роди нов дијамант на македонската кошарка.
Доколку го продолжи развојот на кариерата на ист начин како и досега, македонската репрезентативна кошарка ќе има што да се гордее во иднина.

Можеби ќе ве интересира

Нова спортска приказна за салата „Македонија“ во Прилеп

ДЕСК

ШК Алкалоид ја освои својата 28. титула, 14 во низа!

ДЕСК

Шахистките на ШК Алкалоид ја одбранија шампионската титула на Екипното државно првенство

ДЕСК