17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Крвавата Месечина во петок ќе предизвика најдолго помрачување во 21 век

„Крвава Месечина“, во петок, 27 јули ќе предизвика најдолго помрачување во 21 век, соопшти НАСА.

Помрачувањето ќе трае еден час и 43 минути, а причината за толкавото времетраење е што Месечината ќе се најде на една од најоддалечените точки од Земјата, што значи дека нејзината сенка ќе биде поголема од вообичаеното помрачување.

Помрачувањето кое ќе може да се види од повеќе делови од светот, ќе трае 27 минути подолго отколку помрачувањето „Супер сина крвава месечина“ кое се случи во јануари.