17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонија во солзи: Почина родилка во Скопје

Специјална болница по гинекологија и акушерство – Чаир соопшти дека во претпладневните часови починала родилка како резултат на комплицирана бременост. Како што велат од болницата, родилката вчера била примена како високоризична бременост, во преекламптична состојба во 38. гестациска недела од бременоста.
„Со плод во карлична презентација, повеќе големи туморозни формаци на матката и две претходни породувања со царски рез. По приемот се преземени сите соодветни мерки за стабилизација на пациентката и следење на состојбата на плодот. Поради влошување на здравствената состојба на плодот и мајката, се пристапи кон итно породување со трет царски рез, при што е родено живо новороденче. Непосредно по завршување на операцијата дојде до акутно влошување на општата здравствена состојба на родилката и дистабилизирање на виталните параметри. По иницијална интензивна ресусцитација, пациентката во исклучително тешка состојба со возило на брза помош е префрлена на Универзитетска клиника по хируршки болести ‘Св.Наум Охридски’ – Скопје каде што во претпладневните часови и покрај целосниот ангажман и дадена терапија по протокол истата екзитирала“, се наведува во соопштението од Гинеколошката болница – Чаир.
Спонзорирано: