33.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вооружен напаѓач уби десетгодишно дете и жена во Торонто

Во вооружениот инцидент што се случи во Канада, убиени се десетгодишно девојче и 18-годишна девојка. Според информациите од полицијата, повредени се и најмалку 13 луѓе, на возраст од 10 до 59 години, кога 29-годишниот напаѓач почнал да пука на најпрометната улица во областа Гриктаун во Торонто.

Напаѓачот не е идентификуван, само неговите години. Како што пренесуваат канадските медиуми, тој бил пронајден мртов, но не се знае дали се самоубил или го убила полицијата. Непознат е и мотивот за нападот.