17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Фирмите на Аѓушев ќе се откажат од грантовите од Фондот за иновации

Вицепремиерот Кочо Анѓушев на денешната прес-конференција порача дека ја разбира сензитивноста на јавноста поради случајот со компанијата „Каст Инвест“, која се откажа од грантот од Фондот за иновации, при што рече дека во процесот биле запазени сите законски процедури.

„Првпат во државата се креирани трансарентни мерки, со јасни и исти критериуми и процедури за сите компании во земјата, без да никој мора да се договара за државна помош во министерските кабинети во четири очи “, посочи Анѓушев и ги повика медиумите да се консултираат со стопанствениците дали се задоволни од донесените мерки.

Анѓушев посочи дека од првиот ден на позицијата вицепремиер транспарентно на јавноста и го презентирал анкетниот лист и се што поседува и додаде дека во согласност со Законот за конфликт на интереси се повлече од сите управувачки функции во компаниите во кои има удел, а воедно ја продаде компанијата ЕДС.

„Моите партнери во компанијата „Каст Инвест“, кадешто поседувам 16% од капиталот, пројавија разбирање и се согласија, и покрај тоа што нема законски пречки, да се откажат од грантот кој фирмата го доби од Фондот за иновации и технолошки развој, за реализација на нов инвестициски проект. Воедно и партнерите од компанијата „Брако“, се согласни дека нема да аплицираат за исплата на финансиска поддршка согласно Законот, иако фирмата ги задоволува критериумите“, појасни Анѓушев и додаде дека на некој начин компаниите во кои тој има удел иако ги исполнуваат сите законски критериуми, поради неговата функција во Владата ќе бидат дискриминирани во однос на останатите компании.

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека ниту помислил, ниту влијаел на одлуката некоја од компаниите да добие државна поддршка и ја поздрави најавата на Основното јавно обвинителство да покрене постапка по допрен глас.

Спонзорирано: