23.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) „Видов тела и изгорени автомобили” – потресни сведоштва на жителите

„Мати повеќе не постои како населба. Видов тела, изгорени автомобили. Се чувствувам среќна што сум жива”, сведочат жителите на Грција за огнената стихија која што ја зафати околината на грчкиот главен град Атина. Бројот на жртвите постојано расте, сега тој се искачи на над 50-тина загинати и 150 повредени, меѓу кои има и деца.

https://www.facebook.com/cyclone.of.rhodes/videos/1589671907808294/?t=0

Бројот на жртвите нагло се зголеми изутринава, откако во близина на пристанишниот град Рафина беа пронајдени 26 тела, според работниците на Црвениот крст и потпретседателот на регионот, Гиргос Коколис.

Грчките здравствени институции не можеа веднаш да го потврдат зголемувањето на бројот на жртвите, бидејќи телата сè уште не се пренесени во болниците.

Според официјалните лица, повеќе од 150 лица се повредени во пожарите, кои ги оштетија домовите, ги прекинаа главните транспортни врски и ги принудија жителите да ги напуштат своите домови.

Првиот пожар избувна во понеделникот во шума во близина на крајбрежната населба Кинета, околу 55 километри западно од Атина.

До изутринава, пожарите сè уште гореа околу главниот град, а нови огнени стигии се појавуваа и на други места во текот на ноќта.

Властите се обидуваат да ги евакуираат жителите и туристите, рече вели портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос, додека потрагата по други жртви продолжува.

Жителите се принудени да ги напуштат своите домови, додека пожарите затворија еден од најфреквентните автопати во Грција, ги затворија железничките линии и го загушија во чад главниот град.

Пожарот во селото Мати, околу 29 километри источно од Атина, е со најголеми размери во земјата, слично на пламенот кој го уништи јужниот полуостров Пелопонез во август 2007 година, при што загинаа десетици лица.

„Мати повеќе не постои како населба. Видов тела, изгорени автомобили. Се чувствувам среќна што сум жива”, изјави една жена за грчката телевизија Скај.

Мати е во регионот Рафина, што е популарно место за одмор на туристите, особено за ензионерите и за децата каде има кампови за одмор.

Во некои делови од Мати сѐ уште тлееле чад. Изгорените автомобили се расфрлани по улиците, оштетени од пожарот се и повеќе згради.

Во околината на Атина е прогласена вонредна состојба, а премиерот Алексис Ципрас ја прекина посетата на Босна за да се врати во Грција.

Кипар и Шпанија понудија помош откако Грција соопшти дека им е потребна поддршка за справување со огнената стихија од партнерите од Европската Унија. Властите велат дека ќе користат беспилотни летала од САД за следење и следење на сомнителни активности.

Шумските пожари не се невообичаени во Грција, а релативно сувата зима помогна да се создадат услови за огнени стихии. Не беше веднаш јасно што ги запали пожарите.