5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја демонтира локација за лансирање на ракети

Северна Кореја започна да ја демонтира локацијата од каде лансираше ракети, на северозападот во земјата, пренесе Би-Би-Си.

Земјата вети дека ќе го запопчне процесот на демонтирање во јуни, по самитот меѓу американскиот и севернокорејскиот претседател, Доналд Трамп и Ким Џонг-ун.

На состанокот во Сингапур, Трамп и Ким се договорија Северна Кореја да започне со денуклеаризација, меѓутоа, според неодамнешните извештаи на американските разузнавачки служби, Пјонгјанг можеби тајно ја продолжува својата програма за вооружување.

Според овие извештаи, Северна Кореја ја надградува локацијата за нуклеарно вооружување во Јонгбјон и го забрзува опремувањето на другите тајни локации. Меѓутоа, ваквиот извештај не е официјално верификуван.

Последните две години, Северна Кореја забрзано ја унапредуваше нуклеарната програма и тврдеше дека развива интерконтитентална балистичка ракета што може да достигне и до САД.

Спонзорирано: