15.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тереза Меј против смртна казна, па дури и за екстремисти од Исламска држава

Британската премиерка, Тереза Меј, сака на двајцата Британци, екстремисти на Исламска држава, да им суди најсоодветен суд, изјавила нејзината портпаролка откако британските медиуми пренесоа владино соопштение во кое се наведува дека тие ќе бидат предадени на САД, каде што ќе им се суди. Меј принципиелно се противи на смртната казна, која би можела да им биде досудена во Америка.

„Дејли телеграф“ информира дека министерот за внатрешни работи на Британија, Саид Џавад, се откажал од принципиелното владино противење на смртната казна, со што овозможил на двајцата екстремисти да им се суди преку океанот. Како што се наведува, во САД има можност тие да бидат осудени на смртна казна.

Како што пренесува „Дејли телеграф“, Меј одбила да го поддржи ставот на Џавад за смртната казна, наспроти нејзиното признавање дека знаела за писмото испратено во САД, кое отвора можност за двајцата Британци да бидат испратени во САД.

Александар Котеј и Ел Шаф Елшеик наводно биле припадници на единицата одговорна за убиство на поголем број затвореници од висок профил, пренесува „Ројтерс“. Заедно со уште двајца Британци биле познати како Битлси од Исламска држава.