11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Со настап на Влатко Стефановски општина Илинден ќе го одбележи патрониот празник

На 26 јули (четврток), со почеток во 20 часот, во амфитеатарот на паркот „Галерија на отворено“, пред Домот на културата во населбата Илинден, со мотото „Со Илинден традицијата продолжува“, на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на општината и националниот празник на македонскиот народ.

Одбележувањето на Денот на општината ќе биде збогатено со настап на „Влатко Стефановски трио“. Жителите на општина Илинден ќе имаат ретка можност да уживаат во звуците на музиката на македонската музичка легенда Влатко Стефановски, кој ќе се претстави со повеќе преработени традиционални изворни македонски песни, потоа со дел од неговите евергрини за настапот да го заокружи со промоција на нумери од својот најнов албум.

Спонзорирано: