24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Трамп до Рохани: Ќе се соочите со невидени последици ако ѝ се заканувате на Америка

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го предупреди иранскиот претседател Хасан Рохани дека ќе се соочи со ужасни последици поради заканите кон Вашингтон.

„Никогаш повеќе немојте да им се заканувате на САД или ќе се соочите со последици какви што малку ги доживеале во историјата. Веќе не сме држава која ќе ги прифаќа вашите луди пораки за насилство и смрт. Бидете внимателни“, напиша Трамп на „Твитер“ со големи букви.

Рохани вчера рече дека Американците мора добро да разберат дека мирот со Иран е мајка на светскиот мир и дека војната со Иран е мајка на сите војни. Иранскиот претседател го предупреди Трамп да прекине да се игра со опашката на лавот и да му се заканува на Иран. Во спротивно, рече Рохани, САД ќе зажалат.

Трамп претходно оваа година ги повлече САД од меѓународниот нуклеарен договор на големите сили со Иран и ги заостри санкциите кон Техеран.