16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Двајца убиени и 14 повредени во пукање во Торонто

Две лица се убиени, а 14 се повредени во престрелка што се случи во Торонто. Еден од убиените е напаѓачот, а втората жртва е млада жена. Меѓу повредените има и деветгодишно девојче.

Престрелката се случила во Гриктаун, грчкиот кварт на градот, околу 22 часот по локално време на локација каде има многу популарни ресторани, кафулиња и продавници. Очевидци изјавиле дека слушнале над 15 истрели. Полицијата информира дека маж облечен во црно пукал со пиштол.

Според портпаролот на полицијата, Марк Пагуош сè уште е рано да се каже дали станува збор за тероризам.

Во последно време во Торонто зачестија судири со огнено оружје меѓу криминални банди, потсетуваат локалните медиуми. Од почетокот на година имало 212 престрелки во кои загинале 26 лица. Во истиот период минатата година имало 188 инциденти и 17 убиени