25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Папата Франциско ја повика меѓународната заедница да ја спречи трагедијата со мигрантите

Папата Франциско денеска ја повика меѓународната заедница да ја спречи трагедијата со мигрантите во Средоземното море.

Говорејќи на традиционалното обраќање пред околу 25.000 верници на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, врховниот поглавар на римокатоличката црква побара од меѓународната заедница брзина и одлучна акција, за да не се повторат драматичните вести за потонати бродови и чамци со мигарнти во водите на Медитеранот.

Повикот на Папата следеше кога приватните спасувачки и бродовите на ЕУ кои пловат по меѓународните води во близина на либискиот брег, изминативе неколку седмици ги прекинаа спасувачките операции.