22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Објавена снимка како чувари тепаат затвореник додека не изгубил свест (Видео)

Во Русија е отворена истрага откако активисти објавиле снимка на која чувари во затвор во Јарослављ измачуваат еден затвореник.

Затвореникот, идентификуван како Јевгениј Макаров, на снимката лежи на маса додека чуварите го удираат со раце, а го напаѓаат и со електрошокери додека на крај не остане без свест.

Нападот наводно се случил на 29 јуни 2017 година, но снимката дури сега излезе во јавност.

Предупредување: Видеото е со вознемирувачка содржина

Спонзорирано: