4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Фатил келнерка за задник, па брзо зажалил (Видео)

Го погледнав и реков: Не можеш да ме допираш, идиоте! Воопшто не размислував, само реагирав. Не знам всушност како реагирав. Никогаш претходно не сум направила ништо слично, изјавила за магазинот People Емелиа Холден, 21-годишна келнерка која му одржала лекција на маж кој ја фатил за задник.

Емалиа станала вирален хит после објавата на снимката од надзорните камери на која се гледа како мажот ја нападнал.

По инцидентот повикана е полиција, која со помош на снимката го идентификувала напаѓачот, кој е обвинет за сексуално злоставување.