11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Орбан со неочекуван потег: Еве што соопшти за Македонија

Претседателот на унгарската влада, Виктор Орбан, до Кабинетот на премиерот Зоран Заев испрати писмо со честитки по повод договорот за македонско-грчкиот спор за името и за стратегиското партнерство меѓу двете земји, соопшти владината прес-служба.

Во писмото, кое Орбан го потпишал и во име на вишеградската четворка, го поздравува решението што Македонија и Грција го најдоа во врска со прашањето за името.

Орбан во писмото истакнал и дека унгарската влада постојано, преку сите форуми, се залага за забрзување на евро-атлантската интеграција на целиот регион на Западен Балкан, па така и на Република Македонија и додал дека Унгарија го поддржала усвојувањето на резолуцијата на Европската Унија, со која се овозможува почнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Владината прес-служба соопшти дека Орбан во писмото до Заев нагласил дека Унгарија ја поддржува поканата за членство што нашата земја ја доби од НАТО на 11 јули.

Спонзорирано: