20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Хан -Џафери: Во наредниот период исполнување на обврските во клучните области

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се сретна со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, со чија денешна работна посета на Македонијаапочнува скрининг-процесот со Европската комисија за утврдување на нивото на усогласеност на домашното со законодавството на ЕУ.

Џафери истакна дека со одлуката на Советот на Европската Унија за отворање на патот за почнување преговори во јуни, следната година, земјите членки испратија јасен сигнал дека ги вреднуваат напорите на Македонија вложени во реформи и во градење на добрососедските односи. Тој потенцираше дека Собранието е целосно посветено на продолжување и продлабочување на сегашниот реформски импулс за да испорача понатамошни видливи резултати.

Комесарот Хан го поздрави постигнатиот напредок, ја повтори силната поддршка на меѓународната заедница на патот на Македонија кон евро-атланска интеграција и ја нагласи клучната улога на Собранието во процесот на усогласување на законодавството. Двајцата соговорници заклучија дека во наредниот период ќе биде потребно фокусирање на исполнување на обврските во сите клучни области.