24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Туск: Трговскиот договор меѓу ЕУ и Јапонија е јасна порака против протекционизмот

Трговскиот договор меѓу Европската Унија и Јапонија е јасна порака против протекционизмот. Ова го изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

„Испраќаме јасна порака дека стоиме заедно против протекционизмот“, истакна претседателот по потпишувањето на договорот, кој беше постигнат по одлуката на САД за воведување на дополнителни давачки за увоз од ЕУ.

Документот потпишан во Токио од страна на високите претставници на Брисел и јапонскиот премиер, Шинзо Абе, се залага за формирање на слободна трговска зона, којашто покрива речиси една третина од светскиот БДП.