6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Tрета измена на Законот за судови – Ќе се определуваат критериуми за истакнат правник за член на Судскиот совет

Следуваат нови, трети по ред, за една година измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет. На Единствениот електронски национален регистар на прописи е објавено дека се прибираат мислења за предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за судскиот совет. Министерството за правда како предлагач образлага дека измените произлегуваат од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година.

Целта на предлог законот е, како што пишува, да се воспостават европски стандарди за независно и ефикасно судство во насока на определување критериуми за истакнат правник за избор на член на Судскиот совет на предлог на Собранието и претседателот на РМ.

Измените треба да го редефинираат изборот на членовите на Судскиот совет од редот на најискусните судии кои најмалку го исполнуваат условот за вршење на функцијата судија во апелационен суд. Ќе се менуваат и законските критериуми за утврдување на индивидуална одговорност и воведувањето законска основа за кодексот за судска етика.

Предлог-законот треба да биде изготвен до крајот на ноември 2018 година.

Спонзорирано: