20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Серија потреси, а потоа и силно невреме – Детали за настаните во Албанија

Денеска, во Албанија се почувствувани повеќе земјотреси.

Албанските медиуми, кои се повикуваат на податоци од Средоземниот европски сеизмички центар, јавија дека најсилниот земјотрес бил во 15.05 часот и е почуствуван во средна Албанија, а особено во Тирана. Јачината на земјотресот била 4,5 степени, а епицентарот е регистриран 30 километри југозападно од Тирана, на длабочина од 5 километри под површината на земјата.

Земјотресот бил почуствуван и во Драч и Каваја, а засега нема информации за повредени.

Од 4 јули досега регистрирани се неколку стотици земјотреси, а најсилниот беше на 4 јули кога беа измерени 5,1 степени според Рихтер.

Инаку Албанија беше погодена и од силно невреме во северниот дел од земјата, што однесе и еден живот.

Според податоците на медиумите од гром настрада 50-годишна жена, додека нејзиниот сопруг и нивен роднина се повредени кај селото Сукај кај Скадар додека со трактор се враќање од нива.

Медиумите информираат и дкеа поради големите бранови во опасност се нашле најмалку педесет туристи кои пловеле со брод кон островот Сазан. Благодарение на брзата интеревенција на Капетанаријата биле спасени откако за тоа биле известени од новинари кои навреме се заолнале на островот.

Поради дождовите се случиле и серија сообраќајни несреќи, од кои една фатална за најмалку едно лице.