25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Од утре следува стабилно време, а еве од кога да очекувате пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен североападен ветер.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8. Дневната температура ќе се движи од 21 до 32 степени.

Од утре следува период на стабилно време, до петок ветровито со засилен северен ветер и со пониски дневни температури.

За време на викендот ќе биде сончево и значително потопло.

Од недела кон крајот на денот и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.