13.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ослободени 54 лица од талибански затвор во Авганистан

Од талибански затвор во јужен Авганистан, во провинцијата Хелман денеска се ослободени 54 припадници на силите за безбедност и цивили.

Портпаролот на гувернерот на провинцијата, Омар Звак, изјави дека заробениците биле ослободени кога специјалната единица синоќа влегла во затворот, во дистриктор Муса Кала.

Звак истакна дека претходно биле заробени 32 цивили, 16 полицајци, 4 војници и двајца воени лекари.