11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Трговскиот спор сé повеќе го намалува економскиот раст на Кина

Економскиот раст забави последните три месеци, заклучно со јуни 2018 година, што, според АП, претставува дополнителен предизвик за Пекинг во пресрет на заострувањето на тарифниот конфликт со Вашингтон.

Втората по големина економија во светот порасна за 6,7 отсто во вториот квартал, наспроти 6,8 отсто забележани во претходниот квартал, објави кинеската влада денеска. Портпаролот на Државниот завод за статистика, Мао Шенгјонг, соопшти позитивни податоци за економскиот раст, но призна дека понатамошниот развој се соочува со голема неизвесност поради надворешните фактори.

„Севкупно, националната економија ја задржа својата динамика и остана стабилна. Но, неизвесностите од надворешната средина се зголемуваат и ние мораме активно да се вклучиме во справувањето со надворешните предизвици“, изјави Мао на брифингот за новинарите.

Приватната потрошувачка во Кина исто така расте побавно од планираното, поради што економскиот раст во голема мера зависи од инвестициите што се поддржани со задолжување.

Прометот во трговијата на мало порасна за девет проценти во јуни и се зголеми за половина процент во споредба со мај. Порастот на продажбата на мало беше поттикнат од забрзувањето на растот на продажбата на повеќе луксузни стоки, како козметика и аудио-видео опрема.

Инвестициите во фабриките, станбената изградба и другите дејности се зголемија за шест проценти во првата половина од 2018 година во споредба со минатата година.