9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Верувале или не: Во овој град се организира лотарија за празни гробни места

За гробни места во германскиот град Берхтесгаден од секогаш владеел голем интерес.

Германските медиуми во саботата известија дека во овој град е одлучено да се организира лотарија за празни гробни места, со цел сите заинтересирани да имаат еднакви шанси.

Со години градските власти морале да ги отфрлаат барањата за купување гробни места на гробиштата од 17-ти век, а причината е недостаток на простор. Но, по ослободувањето на 200 парцели, власта во градот сместен во баварските Алпи одлучила да организира лотарија за сите да имаат исти шанси да дојдат до места за вечен починок.

Лотаријата ќе се одржи во среда, а досега за учество се пријавиле 280 луѓе.

Спонзорирано: