3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Казнет 61 возач поради пребрзо возење

Во текот на изминатиoт ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и пет со материјална штета. При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и шест со лесни телесни повреди.

Имено 61 возач е санкциониран, бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 18 возачи бидејќи пет го управувале возилото под дејство на алкохол, четворица биле возачи почетници и девет пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Потоа, 13 возила се исклучени од сообраќај, бидејќи биле нерегистрирани. Двајца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца неправилно се престројувале, четворица не дале првенство на минување на возила и 17 не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 45 мандатни платни налози, додека исто така 54 возила се подигнати со „пајак”.

Спонзорирано: