8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Скопје плаче: Почина Никола, момчето кое што беше претепано

Момчето кое пред десетина дена беше претепано во скопската населба Автокоманда почина денеска во болница. Никола С. (21) на 29 минатиот месец околу 17 и 30 часот беше нападнат од три лица кои излегле од автомобил „мерцедес“. По нападот, лицата избегале, а Никола С. во неконтактибилна состојба бил пренесен на клиника во Скопје. Оттогаш тој беше во кома.

Полицијата на 2 јули поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје за сторено кривично дело „насилство“. Прво и второпријавениот се уапсени.

Никола беше навивач на Вардар. Од навивачката група „Комити“ изразија револт зошто осомничените се гонат за насилство.

„Молчевме цела недела, огорчени, потиштени и со мислите кон нашиот млад брат. Како да ви го објасниме МВР нашиот гнев, нашиот моментален порив за одмазда!? Дали сте свесни дека ќе започнете нешто, од кое нема враќање назад. Нашите прашања до институциите, НВО-та(ако постојат уште такви), медиумите и граѓаните на оваа наша измачена земја, се: Од кога тоа, дело, убиство во обид, кое се казнува со дваесет години затвор, се преобразува во дело насилство? На кој начин дело сторено на 29.06. 2018 година, се објавува во полициски билтен на 02.07. 2018 , наместо следниот ден, како што е редот и до кога ќе ги заштитувате милениците на дуи(шверцери) како бели мечки?“, напишаа „Комити“ на „Фејсбук“ на 5 јули.