8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
Uncategorized

Петмина загинаа, меѓу кои три деца – Бе-ем-ве од кое не остана ништо, се судри со автобус кај Сува Река на Косово

Пет лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Косово. Портпаролот на полицијата за призренскиот регион Хазир Бериша соопшти дека сообраќајката се случила кај селото Брике во општина Сува Река.

Во тешката сообраќајна несреќа, која се случила напладне, загинале две возрасни лица и три деца кои се наоѓале во автомобилот „БМВ“ кој се судрил со автобус кој сообраќал на релација Сува Река – Дуле. Косовските медиуми информираат дека до трагедијата дошло поради брзо возење на автобусот.

К.М.