8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски: Иванов да не ја кочи македонската иднина

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, упати повик до претседателот Ѓорге Иванов да го потпише указот за Законот за ратификација на договорот со Грција и, како што рече, да не ја кочи македонската иднина.

-Иванов да не ја кочи македонската иднина, да не работи спротивно од волјата на граѓаните и да го потпише указот за Законот за ратификација на договорот затоа што тоа е уставна обврска, рече потпретседателот Спасовски во Брвеница.

На средбите со граѓаните, Спасовски разговараше за повеќе актуелни теми и прашања што се од интерес на граѓаните, а особен акцент беше ставен на отворената евроатлантската перспектива на државата.

– За само една година, Владата предводена од СДСМ успеа да ги реализира клучните мерки ветени пред граѓаните, а коишто обезбедуваат повеќе пари во секое семејство, помали трошоци, европска и стабилна иднина, независни институции, правда и еднаквост за сите, рече Спасовски.

Потпретседателот Спасовски беше дециден дека нема да се отстапи од принципот на правната држава и расчистување со криминалот.

-Оние што заговараат амнестија можам да им порачам дека амнестија нема да има. Секој што се огрешил ќе одговора согласно законите во една транспратентна постапка, рече Спасовски.