14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТОП ВЕСТИ

Мистериозната смрт на Влатко ќе се разрешува со снимки од безбедносните камери?

Снимките од безбедносните камери поставени на булеварот Трета македонска бригада, во близина на фабриката Раде Кончар треба да помогнат или откријат како настанала смртта на познатито македонски пејач Влатко Илиевски.

Како што дознава KOKTEL.mk веќе се побарани снимките од овие камери, но не успеавме да добиеме одговор од надлежните дали се добиени и дали камерите биле во функција.

Пејачот бил пронајден во петокот навечар, нешто пред полноќ во своето брендирано возило на булеварот Трета македонска бригада. Се уште не е познато кој пријавил во полиција. Од таму велат дека се работи за анонимен повик.

Телото на Илиевски е на обдукција, земени се монстри за анализа од урина и крв, а денеска ќе биде погребан.

извор: Коктел.мк

Спонзорирано: