14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зехофер: ЕУ ги загрозува човековите животи со пристапот кон брегзит

Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Захофер, ја предупреди Европската Унија дека ризикува загрозување на човековите животи со догматскиот пристап кон брегзит. Тој во писмо до Европската комисија од 27 јуни се оградил од официјалната политика на Берлин, инсистирајќи дека обезбедувањето на безбедноста на граѓаните на Европа треба да има предност пред сите аспекти на преговорите за брегзит, пренесе „Ројтерс“.

„Слабеењето на европската безбедносна архитектура би ги загрозило сите граѓани на ЕУ и би ја поткопало нивната темелна потреба за сигурност. Секогаш присутните закани на прекуграничниот тероризам укажуваат на потребата за неограничена соработка во иднина“, напишал Зехофер.

Како што се наведува, неговите ставови би ја зајакнале позицијата на британската премиерка Меј, која во повеќе наврати ѝ порача на Европската Унија да ја разгледа европската безбедност пред да ја исклучи Британија од сите безбедносни структури.