8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Попладне невреме, викендов пороен дожд

Денеска попладне и кон крајот на денот, особено во планинските региони, ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Услови за нестабилност ќе има и во Скопскиот Регион, информира УХМР. Преку ноќта облачноста ќе се зголемува и претежно на истокот ќе има краткотраен дожд.

Утре наутро во северните и источните делови ќе им повремен дожд проследен со ретки грмежи. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси со пообилни врнежи од дожд со услови за појава на град.

Утре, а особено в недела ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурата за по неколку степени. В недела и во понеделник ќе им повремен локален дожд со ретки грмежи.