12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Словенците преку апликација поднеле 2 600 предлози за закони

Словенечката влада во заминување во текот на својот четиригодишен мандат преку посебна апликација добила околу 2 600 предлози за закони поднесени од страна на граѓаните.

Од тој број, повеќе од 2 000 предлози биле сериозно земени предвид од страна на релевантните министерства и служби, а со позитивен резултат завршиле 22 граѓански иницијативи.

На иницијатива на граѓаните биле укинати даноци за набавка на возила за лица со хендикеп, била поедноставена постапката за идентификација на сведоци во судовите и биле воведени построги казни за оние кои ќе ја прекршат забраната за продажба на алкохол на малолетници. Покрај тоа биле воведени и паркинг-места за бремените жени и мајките со мали деца.

Како што пренесува „Хина“, меѓу предлозите кои дошле преку апликацијата имало и некои необични иницијативи, како на пример идејата дека јавните службеници не треба да користат парфем на работното место, а на млекарите да им се забрани производство на индустриски кајмак, но сепак тие не биле прифатени.

Спонзорирано: