14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Објавен конкурсот за запишување на Универзитетот „Свети Апостол Павле“ Охрид

Универзитетот за информатички науки и технологии го објави конкурсот за запишување на студии од прв циклус на студиските програми на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид во учебната 2018/2019 година.

Во зависност од своите афинитети и интереси идните бруцоши можат да избираат помеѓу: Компјутерски науки и инженерство; Комуникациски мрежи и безбедност; Машинска интелигенција и роботика; E-Влада, E-Бизнис, E-Култура; Информатички системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника; Развој на компјутерски игри, дигитален дизајн и анимација и Информациски и комуникациски системи за бизнис и менаџмент.

Од Универзитетот соопшти дека програмите за E-Влада, E-Бизнис, E-Култура и Развој на компјутерски игри, дигитален дизајн и анимација се во постапка за реакредитација пред Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.

Првиот уписен рок е 30 и 31 август, вториот 13 и 14 септември, а третиот 26 септември.