14.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Косовската влада го усвои извештајот за дијалогот со Србија

Владата на Косово го усвои извештајот за достигнувањата и предизвиците во остварувањето на дијалогот за нормализирање на односите со Србија.

Претставувајќи го извештајот, косовскиот премиер, Рамуш Харадинај изјави дека за прв пат е подготвен ваков документ.

„Ова е нова пракса. Извештајот ќе биде претставен и пред косовскиот парламент, каде пратениците ќе имаат можност да се запознаат со деталите, текот на дијалогот и предизвиците. Тоа е значајно достигнување до кое дојде откако претседателот Хашим Тачи ја информираше јавноста за политичкиот дијалог“, изјави Харадинај и додаде дека владата на Косово со ова ја почитува транспарентноста на парламентот.