14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австрија подари шатори за мигрантите во Босна

Поради порастот на бројот на илегални мигранти во Босна и Херцеговина, Австрија одлучи да пружи материјална помош во форма на шатори.

„Босанската влада побара помош од Австрија и доби шатори за 300 лица“, изјави портпаролот Александар Марковиќ.

Тој потсети дека Босна и Австрија имаат потпишано Меморандум за соработка, што ја предвидува можноста за меѓусебно барање на помош.

Во Босна, според официјалните податоци, од почетокот на годината регистрирани се 7.919 илегални мигранти, од кои 685 поднеле барање за азил.

Спонзорирано: