4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мајката што го остави бебето пред Домот во Битола е малолетничка од Тетово

Мајката што го остави бебето пред Домот за доенчиња во Битола е малолетна жителка на општина Тетово, соопшти СВР-Битола.

„Истрагата е завршена и утврдено е дека станува збор за малолетна девојка со албанско етничко потекло која живее во општина Тетово. Согласно законот, случајот ќе продолжи со активности што се од надлежност на Центрите за социјална работа во Битола и Тетово, додека пак полицијата ќе поднесе соодветна кривична пријава, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

Женското бебе кое беше неделава оставено пред вратата на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца, веќе е згрижено во установата во Битола.