8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Владата со супер вест: Се најавува скок на платите

Работодавачите кои што ќе им дадат покачување на вработените кои во моментов исплаќаат минималец од 12.0000 денари, ќе добијат државни субвенции за зголемувањето. Ова значи ако се исплати плата поголема од минималната, односно во рамки од 12.000 до 18.000 денари, работодавецот ќе добие државна помош во износ од 30 проценти за покачувањето кое би го добил работникот.

Ова го предвидува предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата кој вчера доби зелено светло од Владата. Предлогот е доставен до Собранието да се донесе по скртена постапка.

„Доколку еден работник има минимална плата од 12.000 денари, а работодавецот му ја покачи за 3.000 денари. Работникот на крајот ќе има плата од 15.000 денари. Од износот од 3.000 денари, државата, Владата субвенционира 30 проценти“, рече Миле Бошњаковски, портпарол на Владата.

Спонзорирано: