26.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТОП ВЕСТИ

Вкупно 81 година казна затвор за напаѓачите на Села

Тројца од седуммината напаѓачи на пратеникот, Зијадин Села, за време на немирите во Собранието од 27 април добија казна од 13 години затвор, а четворица по 10 години и 6 месеца.

Обвинетите Кире Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицeв, Никола Војминовски и Коста Делов се осудени за обид за убиство на лидерот на Алијансата на Албанците.

Обвинителот, Дарко Јакимовски, побара притвор до правосилноста на пресудата, а за двајца се бара куќен притвор поради влошената здравствена состојба. За останатите е побарано да им се продолжи притворот.

Некои од сега осудените, за време на инцидентот, го собориле Села на подот и го газеле и гмечеле со што дополнително предизвикале чувство на несигурност кај присутните.

Самиот влез во Собранието и нападот над пратеник, носител на законодавната власт е отижителна околност, а пак слободното движење низ законодавниот дом е доказ дека осудените свесно влегле внатре. Дејствијата преземени од Александар Јанески и Никола Војминовски со извлекувањето на пратеникот Села се клучните според судот, бидејќи ако не се случило тоа, тогаш, немало да има напад врз пратеникот. За Кире Ѓорѓиевски, според судот, најотежителна околност е што го удрил Села во пределот на главата, кога оштетениот не давал знаци на живот.