16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

МВР соопшти детали за убиството во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје го предаде лицето К.А.(40) од Скопје, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело “убиство“ предвидено и казниво по члeн 123 од КЗ на РМ.

Пријавениот кривичното дело го извршил на 18-ти минатиот месец, околу 20.45 часот на улица “2“ во село Студеничани, скопско, каде со употреба на огнено оружје пиштол марка ТТ, калибар 7,62, испукал повеќе проектили кон лицето Е.Ш.(28) од село Мралино, скопско, по што со свое возило го напуштил местото на настанот. Е.Ш кој поради здобиените повреди веднаш бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, наредниот ден на (19.06.), од задобиените огнострелни рани починал.

Инаку, според документираните сознанија од истрагата, на кривичното дело му претходеле расправи и физичка пресметка што во претходните неколку дена пред настанот, се случиле помеѓу пријавениот К.А. и починатиот Е.Ш

Спонзорирано: