12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Сугарески најави изградба на обиколница во Ресен

Во тек е постапка за изработка на проект за изградба на обиколница во Ресен, како едно од најголемите барања на Општината во делот на инфраструктурата. Ова го најави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, кој оствари работна посета на општина Ресен.

„Разговаравме за инфраструктураните проекти што се реализираат во општината како со поддршка од централната власт така и проектите што ги реализира општината. Она што му недостига на градот е обиколница, за што сакам да најавам дека во тек е тендерот за изработка на проект за обиколница Ресен. Некаде со средината на август ќе заврши постапката и веднаш ќе почнеме со изработка на проектот со средства од буџетот на ЈП за државни патишта. Откако ќе го направиме проектот ќе ги видиме решенијата и динамиката на изградба на обиколницата со што ќе ги растовариме улиците низ градот од товарни возила“, истакна Сугарески.

Во рамки на средбата, министерот изврши увид во реконструкција на водоводната мрежа во градот.

„Се работи за вкупна инвестиција од 36 милиони денари. Ова е втора фаза од проектот, со овој зафат ќе се реконструира водоводот во четири улици во градот во должина од 2 километри или вкупно со двете фази ќе се изврши реконструкција на 5,5 километри водоводна мрежа. Со тоа жителите на Ресен ќе добијат квалитетна вода, ќе се реши долгогодишниот проблем со застарената мрежа и честите дефекти, така што ресенци можат да бидат спокојни во однос на ова прашање. Исто така со градоначалникот разговаравме за претстојната туристичка сезона и инфраструктурата во градот”– изјави министерот за транспорт и врски.

Спонзорирано: