16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Адеми – Река: Македонија и Албанија одлично соработуваат во образованието

Македонија и Албанија имаат одлична соработка во областа на образованието, особено во делот на високото образование и науката каде интензивна е размената на знаењата и искуствата меѓу наставниот и научно-истражувачкиот кадар и студентите. Ова беше истакнато на денешната средба помеѓу министерот за образование и наука, Арбер Адеми, и амбасадорот на Албанија во земјава, Фатос Река, која се одржа во Министерството за образование и наука и на која двајцата соговорници изразија подготвеност за иницирање нови билатерални образовни проекти и активности во периодот што следи.

За време на разговорот Адеми информираше и за владините приоритети во политиките за унапредување на националниот образовен систем, потенцирајќи дека особено за време на летниот период, работата на Министерството ќе биде интензивирана поради низата најавени реформи и промени кои треба да стартуваат со почетокот на новата учебна година.

Река посочи дека Албанија ги поддржува напорите на Владата и на Министерството за образование и наука за унапредување на квалитетот на образованието во Република Македонија, оценувајќи дека резултатите од сите планирани реформи со кои е запознаен ќе бидат согледани на среден, односно долг рок.

Спонзорирано: