15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Заев: Со новиот Закон за енергетика можност домаќинствата и компаниите да инсталираат фотоволтаични централи

Владата на Република Македонија преку новиот Закон за енергетика ја отвори можноста секое домаќинство на кровот од својата семејна куќа, како и секоја компанија да има можност да инсталира фотоволтаична централа и за сопствени потреби да произведува електрична енергија, а понатаму вишоците струја да ги продава на слободниот пазар, рече премиерот Заев на промотивниот настан во организација на ЕВН, на којшто беше претставена нова понуда на фотоволтаични системи за домаќинствата и бизнисите.

„Особено ми е драго што новиот Закон за енергетика веќе ги дава првите позитивни резултати. Преку овој проект на „ЕВН Македонија“ овие системи на фотоволтаични централи стануваат достапни за граѓаните и компаниите. Сончевата енергија е еколошки чиста и неисцрпна. Целта е да го намалиме увозот на електрична енергија и да го зголемиме домашното производство. Да го подобриме квалитетот на живот и да овозможиме услови да се намалуваат трошоците за граѓаните, но и за компаниите, со цел да обезбедиме поголема конкурентност и развој на стопанството. Повеќе пари да остануваат кај граѓаните“, порача Заев.

Употребата на ваквите високотехнолошки системи, како што рече Заев, ќе придонесе за зголемување на домашното производство на електрична енергија, и за почиста и поздрава животна околина, пониски трошоци и подобар квалитет на живот за граѓаните.

„Државата ќе изнаоѓа различни методи и начини како да ги поттикне домаќинствата пред сè, а компаниите имаат доволно сила бидејќи профитабилно тоа ќе им се врати за да може да го мултиплицираме овој проект насекаде низ Македонија.

Целта беше ЕВН, најголемата компанија во Македонија, да го направи првиот исчекор и да ги поттикне и другите компании на ваква општествена одговорност.

Спонзорирано: