10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги излажа младите

СДСМ ги излажа младите. Младите се понижени и без перспектива, реагира опозицијата по соопштението на СДСМ дека за три месеци се вработени 419 млади лица.

„Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Рената Десковска и Стефан Богоев ветуваа дека младите по завршување на своето образование ќе добијат понуда за вработување, практиканство или дообука и тоа како проект кој ќе го реализираат уште во првите шест месеци од новата влада. Помина повеќе од една година, а ни трага ни глас од овој проект. СДСМ ги излажа младите. Најавуваната младинска гаранција е огромна лага. Безперспективноста е поголема од кога било до сега. Власта не само што не ги врати 600 000 иселени како што тврдеше туку и бројот на иселени го зголеми“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму сметаат дека бројот на млади кои си заминуваат и трајно ја напуштаат државата е зголемен, и од СДСМ бараат да одговори дали се вистинити податоците дека околу 100 000 граѓани е бројката на ново иселени, откако тие се на власт.

Спонзорирано: