19.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Разговорите со Северна Кореја се одвиваат добро, да не бев јас ќе војувавме

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на својот профил на „Твитер“ напиша дека разговорите со Северна Кореја се одвиваат добро, по историската средба со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун.

„Водевме многу разговори со Северна Кореја, работите се одвиваат добро“, напиша Трамп. Тој додаде дека во изминатиов период од осум месеци не се истрелуваат ракети и не се вршат нуклеарни тестирања.

„Целата Азија е воодушевена. Се жали само опозициската партија, вклучувајќи ги и лажните вести. Да не бев јас, ќе бевме во војна со Северна Кореја“, вели Трамп.

Спонзорирано: