14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пожар во хотел во центарот на Љубљана, евакуирани стотина луѓе

Во хотелот „Унион“ во центарот на Љубљана денеска изби пожар поради што беа евакуирани стотина луѓе, соопшти полицијата.

Пожарот сѐ уште не е локализиран, а властите смируваат дека никој не е повреден.

Еден од пожарникарите изјави за медиумите во земјата дека пожарот избил на поткровјето на хотелот со четири ѕвездички.

Според проценките, ќе бидат потребни уште неколку часа за целосно локализирање на пожарот.

Хотелот е висок над 22 метри, што го отежнува гасењето на огнот. Причината за пожарот засега не е позната.

Спонзорирано: