20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / Pixabay
Uncategorized

Трагедија: Излета автобус, десетици мртви

Четириесет и четири лица загинаа, а тројца се повредени во сообраќајна несреќа во Индија, кога автобус излетал во провалија во сојузната држава Утараканд во северниот дел на земјата.

Несреќата се случила на автопатот Пипали – Бохан. Полицијата и националната единица за катастрофи биле вклучени во операцијата за спасување.

Според извештајот, околу 50 патници биле во автобусот кој патувал за Рамнагар од Бохан. Причината за несреќата сé уште не е позната, објави локалната телевизија НДТВ.

„Повредените беа пренесени во болница, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми“, изјави комесарот Дилип Џавалкар.