20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сончево и топло време, услови за дожд само на планините

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во планинските подрачја, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.
Оттаму додаваат дека утринската температура ќе се движи од 10 до 21, а дневната од 21 до 32 степени Целзиусови.
Во Скопје, претежно сончево и топло време. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 28 степени.