20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
СВЕТТОП ВЕСТИ

Претседателските избори во Мексико можат да донесат голема промена во земјата

Мексико избира претседател, а доколку актуелниот фаворит, левичарот Андрес Мануел Лопез Обрадор, победи, на власт ќе ги замени двете партии што го водеа Мексико 100 години.

Во Мексико, паралелно со претседателските избори, се одржуваат и избори за 128 сенатори, како и за 500 пратеници во мексиканскиот Конгрес.

Вкупно 88 милиони луѓе имаат право на глас, објави Би-би-си.

Обрадор вети дека доколку биде избран, ќе се бори против корупцијата.

Би-би-си соопшти дека досегашната кампања во Мексико била обележана со најлошото политичко насилство во последните неколку децении.

Дописникот на Би-би-си од Мексико, Вил Грант, изјави дека мнозинството гласачи сакаат да го сменат актуелниот претседател Енрике Пења Нието и се гневни поради забавениот економски раст на Мексико, како и раширената корупција и криминал.

Обрадор ја наведе борбата против корупцијата како еден од столбовите на неговата кампања и вети дека ќе ги зголеми платите и пензиите, пренесува Би-би-си.