17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Легализација на марихуаната во Македонија?

Здружението на млади европски федералисти „ЏЕФ” и Здружението за канабис и зелени политики „Билка” одржуваат панел дискусија на тема „Декриминализација на канабисот,сега”. На панелот во киното „Култура” се обрати пратеничката на ЛДП, Јулијана Николова, која рече оти е убедена дека Собранието ќе го декриминализира канабисот во рекреативни цели.

„Ризикувам да бидам криминалец, ако консумирам канабис во рекреативни цели”, рече Николова и додаде дека иако никогаш лично не пробала, сепак, тоа не би требало да влијае врз можноста останатите граѓани тоа да го направат. Таа го спореди правото на избор за купување цигари со немањето право да се консумира канабис во рекреативни цели.

„Не може државата да ми каже дали ќе користам канабис”, рече Николова. Како позитивни примери ги посочи Канада, Холандија, Чешка и Португалија. Пратеничката рече дека е неприфатливо луѓе да бидат третирани како криминалци, ако дома одгледуваат 2 или 3 стебла марихуана поради здравствени причини.

Позитивно влијание кај јавноста, според Николова, имал Законот за легализација на марихуаната во медицински цели.

Тој рече дека може да се размислува за поведување предлог-закон за декриминализација на канабисот.

Пратеничката Маја Морачанин од ДОМ, рече дека ставот на партијата е поддршка на такво решение. „Како доктор не поддржувам употреба на психотропни супстанци, но без разлика на мојот став, тоа постои во светот и заслужува дебата. Тоа треба да биде право на слободен избор”, рече Морачанин.