5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Германија очајно бара работници: Плати од по неколку илјади евра, најмногу е потребна работна сила за ова

Работа има, работници нема. Германија има потреба од работна сила како никогаш досега, а анализите упатуваат на загуби на нејзината екононија од 30 милијарди евра на годишно ниво. На проблемот со дефицит со работници веќе подолго време укажуваат се повеќе компании во земјата.

Моментно на пазарот недостасуваат 440.000 висококвалификуван кадар од кои 50.000 инженери во електроиндустријата, 55.000 стручњаци во ИТ секторот, а во секторот производство на машини е распишан конкурс за 11.000 работни места што е речиси за 50 отсто повеќе од 2017 година.

Дури 60 отсто од германските компании истакнуваат дека недостатокот на квалификувана работна сила е најголем проблем со кој се соочуваат. Тоа е причина што секоја петта фирма го пренасочува фокусот кон други региони во потрага по млади таленти додека паралелно соработува со образовните установи и работи на преквалификација на постоечкиот кадар.

Дел од фирмите (16 отсто) воведоа и флексибилни работни модели како „џоб шеринг“, 13 отсто од нив изразија подготвеност да ангажираат и кандидати без бараните квалификации, но под услов за потенцијал за иден развој.

Една од целите на германската влада е полна вработеност до 2025 година. Прогнозите, пак, се песимистички и во дел од нив се наведува дека до 2030 година земјата ќе има потреба од три милиони работници.

Спонзорирано: